вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Две жени нападнати од кучиња

Две жени нападнати од кучиња

Полицијата вчера добила две пријави за случаи во кои скопјанки биле нападнати од кучиња.

Во Полициската станица Карпош, С.Д.(26) од Скопје пријавила дека на улица „Волгоградска“ била касната од куче скитник во пределот на левата рака.

Во Полициската станица Аеродром, А.Д.(69) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.