недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 101
home Хроника

Две возила се судрија кај Тетово: Тешко повредена 22- годишна девојка

Две возила се судрија кај Тетово: Тешко повредена 22- годишна девојка

Вчера во 15.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово–с.Волковија се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „алфа ромео“, управувано од Т.Ѓ.(22) од с.Милетино и патничко возило „ауди“, управувано од И.И.(68) од с.Милетино, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ѓ., а со телесни повреди се здобил И.И., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

ЕУРО 2020

Македонија