петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 151
home Хроника

Две тепачки во Куманово, напаѓачите лишени од слобода

Две тепачки во Куманово, напаѓачите лишени од слобода

На 14.08.2020, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.И.(18) и И.Б.(32), двајцата од Куманово, поради тоа што околу 02.30 часот во населба „Иго Тричковиќ“ во Куманово физички го нападнале С.Т.(25) од Куманово, а го оштетиле и возилото во кое тој бил како сопатник, а го управувал К.Ѓ.(25) од Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Според билтенот на МВР, другиот настан се случил рано изутринава кога физички од две лица бил нападнат вработен во приватна агенција за обезбедување додека извршувал службени дејствија

На 15.08.2020 во 06.35 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.Х.(56) и Х.Х.(19), двајцата од с.Сопот, поради тоа што физички го нападнале Д.М.(33) од Куманово, вработен во приватно обезбедување, додека извршувал службени дејствија. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус