петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 72
home Хроника

Две починати лица со повреди пронајдени во село Табановце

Две починати лица со повреди пронајдени во село Табановце

Две лица починати, со повреди, пронајдени се во нивниот дом во кумановското село Табановце, соопштија денеска од полицијата.

-Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во нивниот дом во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати, со повреди, Б.С.(36) и Б.С.(43) од село Табановце, соопштија од МВР.

Полициските екипи се на местото и во координација со Основно јавно обвинителство Куманово се врши увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од полицијата и од Јавното обвинителство најавија повеќе информации во текот на денот.

Локални избори 2021