сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 79
home Хроника

Две мали дечиња повредени во сообраќајка

Две мали дечиња повредени во сообраќајка

На 26.03.2019 во 11:24 часот на патот Вашарејца-Бучин, пред село Трновци, битолско, А.А.(28) од Прилеп, управувајќи патничко возило „Застава-128“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Притоа, со повреди се здобиле две деца на возраст од две и три години.

Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Коронавирус