четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 1
home Хроника

Две лица во Скопје осомничени за тешка кражба на товарно возило

Две лица во Скопје осомничени за тешка кражба на товарно возило

Истражна постапка се спроведува против две лица по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје поради основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничените, на возраст од 39 и 37 години, на 4 јуни, од плац за паркирање камиони на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје одзеле товарно моторно возило – кипер марка „Ивеко“ во вредност од 1.900.000 денари.

Делото го сториле така што заедно и по претходен договор дошле на наведената локација, па додека едниот осомничен внимавал некој да не наиде, другиот со употреба на погоден предмет – штрафцигер го стартувал возилото, со што противправно го присвоиле и го напуштиле местото на настанот.

-Бидејќи постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените би можеле да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Коронавирус