сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Хроника

Две лица тешко повредени во сообраќајка во Радовиш

Две лица тешко повредени во сообраќајка во Радовиш

На бул.„Александар Македонски“ во Радовиш вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Јамаха 400“, управуван од С.Б. (23) од с.Коџалија, патничко возило „Фолксваген Голф“ со радовишки ресистарски ознаки, управувано од М. Т. (46) од с. Воиславци и патничко возило „Мерцедес Бенз“ со радовишки регистарски ознаки управувано од М.А. (58) од с. Габревци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле: С. Б., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница -Штип каде е задржан на лекување и сопатникот на моторциклот Е. А. (20) од с.Коџалија, кој по укажаната лекарска помош во Клиничка болница-Штип е препратен во Клинички центар Скопје, каде е задржан на лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица од општа надлежност -Радовиш.

Коронавирус