вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 84
home Хроника

Две лица повредени во тешка сообраќајка кај автокампот „Андон Дуков“

Две лица повредени во тешка сообраќајка кај автокампот „Андон Дуков“

На 28.11.2021 во 14.50 часот на регионалниот пат помеѓу с.Подмолје и влез за автокампот „Андон Дуков“, патничко возило „ландровер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(76) од Струга излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката С.Т.(75) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Охрид.

Коронавирус