петок, 29. септември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица повредени во сообраќајката која утрово се случи на влезот на Скопје кај Маџари

Две лица повредени во сообраќајката која утрово се случи на влезот на Скопје кај Маџари

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи утрово на влезот на Скопје кај населбата Маџари.

Како што од МВР информираа за „Република“, во судирот учествувале две возила, „Фиат“ со бугарски и „Фолксваген“ со битолски регистарски таблички, но се уште немаат информација за тоа во каква состојба се повредените лица.