недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица повредени во сообраќајка во скопско

Две лица повредени во сообраќајка во скопско

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 17.50 часот се случила на крстосница од сервисна улица која ја поврзува обиколница на град Скопје со локален пат село Стајковци – село Раштак.

До несреќата дошло при судир на автомобил “голф” со скопски регистарски ознаки управуван од А.М.(54) од Скопје и автомобил “хјундаи” со скопски регистарски ознаки управувано од С.Е.(36) од Скопје, информира МВР.

По незгодата С.Е. и сопатникот од возилото “хјундаи”, И.И.(40) биле пренесени во Градска општа болница “Св.Наум Охридски” каде на С.E. му биле констатирани повреди а на И.И. и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Коронавирус