недела, 7. март 2021. Вести денес: 60
home Хроника

Две лица повредени во сообраќајка во Штип

Две лица повредени во сообраќајка во Штип

На 13.01.2021 во 10.15 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Гоце Делчев” со ул.„Борис Кидрич“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(44) од с.Ерџелија и товарно возило „сканиа“ со приколка, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(58) од Штип, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило Д.Е.(44), а возачот Ј.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

Коронавирус