сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 37
home Хроника

Две лица повредени во сообраќајка во пробиштипско

Две лица повредени во сообраќајка во пробиштипско

На 20.09.2020 во 01.15 часот на локален пат Пробиштип – с.Ратавица, на место викано „Леговец“, М.Ѓ.(26) од с.Турско Рудари, пробиштипско, управувајќи патничко возило „сеат леон“, со пробиштипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

-По незгодата, возачот и сопатникот М.В.(22) од Злетово биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде кај М.Ѓ. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај М.В. телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Пробиштип.

Коронавирус