среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Хроника

Две лица повредени во сообраќајка на патот Желино-Палатица

Две лица повредени во сообраќајка на патот Желино-Палатица

На 21.10.2020 во 07.40 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Желино – Палатица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „смарт“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(22) и товарно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(50), и двајцата од с.Палатица, тетовско, информира МВР.

Во незгодата, М.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а Џ.Е. со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Тетово.

Извршен бил  увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Коронавирус