сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 81
home Хроника

Две лица повредени во сообраќајка на патот Македонска Каменица-Саса

Две лица повредени во сообраќајка на патот Македонска Каменица-Саса

Две лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на регионалниот пат Македонска Каменица-с.Саса.

Во несреќата, информира МВР, учествувале „Форд мондео“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.О.(64) од Македонска Каменица и „Фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Р.Ѓ.(70) од Македонска Каменица, во кое сопатник била Г.Ѓ.(70) од Македонска Каменица.

-По незгодата Р.Ѓ. и Г.Ѓ. се пренесени во Клиничка болница- Штип, каде од доктор на Г.Ѓ. и се констатирани тешки телесни повреди, а на Р.Ѓ. му се констатирани повреди, посочуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Одделение за внатрешни работи Делчево.

Коронавирус