вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 163
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Две лица повредени во сообраќајка на патот Кочани-Делчево

Две лица повредени во сообраќајка на патот Кочани-Делчево
фото илустарција

Сообраќајна несреќа во која повредени се две лица се случила вчера во 11.40 часот на магистралниот пат Кочани – Делчево, на место викано „Каменолом-Драка“, атар на Виница.

Во сообраќајката учествувале „нисан“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(71) од Делчево и товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.С.(31) од Кочани.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.С. и сопатничка од истото возило Ј.С.(67), по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Кочани за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Виница.

Коронавирус