вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 5
home Хроника

Две лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Две лица повредени во сообраќајка кај Зајас

На 28.09.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(21) од с.Грешница, кичевско и патничко моторно возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Б.Е.(39) од Р.Албанија.

Во незгодата Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило Г.Б.(46) се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полциската станица Кичево.

Коронавирус