среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 20
home Хроника

Две лица повредени во сообраќајка кај Струмица

Две лица повредени во сообраќајка кај Струмица

Две лица се повредени во сообраќајка која се случи околу 11 часот во близина на селото Баница, на регионалниот пат Струмица-Баница-Вељуса.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Во сообраќајќата учествувале автомобил и запрежно возило. Повредени се возачат на автомобилот и лицето кое го управувало запрежното возило и тие се пренесени во струмичката болница.

Сообраќајот на овој патен правец е во прекин, а на местото на несреќата полицијата врши увид.

Коронавирус