сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 97
home Хроника

Две лица повредени: Со возило излетале од патот и удриле во дрво

Две лица повредени: Со возило излетале од патот и удриле во дрво

На 08.08.2020 во 15:02 часот било пријавено дека на патот с.Маково-с.Старавина пред крстосницата за с.Старавина, патничко моторно возило “застава 750“ со битолски регистарски ознаки управувано од Т.С.(78) од Битола, излетало од патот и удрило во дрво.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.С.(75) од Битола, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.

Коронавирус