понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 112
home Хроника

Две лица повредени, излетале со автомобилот во Зајас

Две лица повредени, излетале со автомобилот во Зајас

Две лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила утринава во близина на угостителски објект во с.Зајас, кичевско.

Автомобил „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.А.(25) од с.Брвеница,тетовско, излетал надвор од коловозот.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.А и сопатничката М.А.(24) од с.Брвеница кои биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

 

Коронавирус