недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 32
home Хроника

Две лица под истрага за разбојништво во спортска обложувалница

Две лица под истрага за разбојништво во спортска обложувалница

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничените, по претходен договор, на 9 октомври влегле во објект на спортска обложувалница на улица „Зеничка“ во Скопје и се заканиле дека ќе нападнат врз животот на една вработена. Едниот осомничен, со пиштол во раката, побарал од оштетената да каже каде се парите и ја турнал до ѕидот, додека другиот осомничен се упатил кон работниот пулт и од една од фиоките одзел 188.460 денари.

-Надлежниот јавен обвинител оцени дека за едниот осомничен постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека тој би можел да го повтори делото или да ги сокрие и уништи трагите од кривичното дело. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за тој осомничен. Вториот осомничен до овој момент не е обезбеден од страна на полицијата и за него е распишан централен распис, се наведува во соопштението.