вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 45
home Хроника

Две лица исчезнаа во Македонија

Две лица исчезнаа во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во ПС Струмица, У.С.(43) од село Банско, струмичко, пријавил дека на 29.05.2018 година од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син А.С.(25).

Уште еден случај на исчезнување вчера бил пријавен во Тетово. Синоќа после полноќ во 01:40 часот во СВР Тетово, М.Р.(41) од село Мала Речица, тетовско, пријавил дека на 31.05.2018 година околу 14,15 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко М.Р.(73).

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.