петок, 24. септември 2021. Вести денес: 126
home Хроника

Две лица фатени со голема количина хероин, веднаш однесени во притвор

Две лица фатени со голема количина хероин, веднаш однесени во притвор

Сектор за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против М.А.(51) и  З.Д.(41), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 29.06.2021 во 18:50 часот, во викенд куќа на место викано „Бојаџиева чешма“, од полициски службеници бил извршен претрес, при што биле пронајдени и одземени 93 грама хероин.

На пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и биле спроведени во Казнено-поправна установа  Затвор Скопје.

Коронавирус