сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 40
home Хроника

Две големи трагедии во Македонија за неколку дена- соседите потресно раскажуваат

Две големи трагедии во Македонија за неколку дена- соседите потресно раскажуваат

За неколку дена две големи трагедии ја потресоа Македонија.

Првата се случи минатата недела кога во пожар загинаа мајка и четири деца од Тетово, на возраст од 6, 9, 12 и 14 години. Само таткото се спасил бидејќи бил трета смена на работа.

По оваа трагедија по која беше прогласена и тридневна жалост, вчера се случи уште една огромна трагедија во Битола, кога мајка и 17-годишен син изгореа во пожар.

Пожарот избувнал рано утрото, во 4 часот, затекнувајќи ги жртвите на спиење. Мајката и нејзиниот 17 годишен син изгореа, а таткото успеал да излезе во дворот и да побара помош од соседите, кои викнале пожарна.

– „Ние спиевме и околу 3 часот почна пожар и огромен пламен. Додека дојдоа пожарникаите изгоре куќата“, велат соседите за ТВ21.

Пожарот настанал од оџак, покривот бил урнат и паднал врз жртвите, па им немало спас.

Коронавирус