петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 173
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе

home Хроника

Две физички пресметки меѓу жени во Тетово

Две физички пресметки меѓу жени во Тетово

Тетовската полиција бележи два случаи на физички пресметки меѓу жени. Првиот се случил вчера околу 10 часот и 10 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги привеле 28-годишната К.Т. од Скопје и 36-годишната Н.М. од Штип, кои го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе им се изготват поднесоци, соопшти СВР Тетово. 

Во текот на вчерашниот ден, М.Н.(27) од Тетово во СВР Тетово пријавила дека на 15-ти овој месец околу 23 часот и 30 минути, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, во близина на тетовско средно училиште, била физички нападната  од А.М.(23), исто така, од Тетово.

Коронавирус