сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Дванаесет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Дванаесет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Дванаесет лица се здобиле со полесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај шест возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца почетници, како и шест технички неисправни возила и 12 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи  не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи за не користење заштитен шлем, 11 возачи за не носење сигурносен појас и 12 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 73 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 78 возила.