четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 211
Во живо

Мицкоски на средби со граѓаните во Тетово

home Хроника

Двајца вработени во Дирекцијата за заштита и спасување повредени при експлозија на стара градобијна ракета

Двајца вработени во Дирекцијата за заштита и спасување повредени при експлозија на стара градобијна ракета

Двајца вработени од Дирекција за заштита и спасување се повредени при експлозија на стара градобијна рекета што била транспортирана од Хидроиметеролошкиот завод во Свети Николе.

Пиротехничарите, со повреди на лицето и рацете, биле згрижени во кумановкста болница, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Директорот на дирекцијата Аднан Џаферовски за телевизија 24 вели дека станува збор за експлозија на градобијни рекети од бивша Југославија кои дирекцијата ги собирала и еднаш годишно ги уништува на Криволак.

На местото на настанот увид прави полицијата по налог на јавен обвинител, а истрагата треба да покаже како дошло до ескплозија.

Парламентарни избори 2020