сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 70
home Хроника

Двајца војници ранети во тетовската касарна, со сериозни повреди пренесени во Клинички

Двајца војници ранети во тетовската касарна, со сериозни повреди пренесени во Клинички

Двајца припадници на АРМ од тетовската касарна утринава се донесени во болницата во Тетово со прострелни рани.

Поради сериозноста на повредите и по првичната интервенција двајцата повредени војници се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје.

Според првичните информации, настанот се случил по вежбата што ја имале војниците во касарната додека го чистеле оружјето.

Доктор Фатмир Салију од тетовската болница за МИА информира дека војниците биле со прострелна рана и искршеници на екстремитетите и заради тоа се префрлени во скопските клиники.

Коронавирус