вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца тинејџери повредени откако се судриле со велосипеди

Двајца тинејџери повредени откако се судриле со велосипеди
илустрација

Двајца тинејџери од Велес, на возраст од 14 години, се здобиле со телесни повреди со различен интензитет, откако се судриле додека возеле велосипеди.

Како што соопшти МВР, инцидентот се сличил вчера попладне на патниот правец Велес-Градско, кај местото познато како „Бабуна“.

– Во незгодата, едниот велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, се наведува во соопштението.

Увидна екипа од СВР Велес извршила увид на местото на незгодата.

Коронавирус