Хроника

Двајца повредени во сообраќајка во скопско

Двајца повредени во сообраќајка во скопско

На 09.12.2023 во 13.30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Буковиќ – с.Семениште, скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(25) од с.Желино, тетовско и патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Б.(27) од с.Буковиќ, скопско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Б., а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Џ.Б.(27) од истото село, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top