сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Хроника

Двајца повредени во сообраќајка во Скопје

Двајца повредени во сообраќајка во Скопје

На 15.07.2018 година околу 16:50 часот на крстосницата од улицата „Козле“ и улицата „1010“, се случила сообраќајна незгода.

Во сообраќајката учествувале моторцикл „Хонда ЦБ-500 “ со скопски регистерски таблици, управуван од Д.П. (26) од Скопје и патничко моторно возило „Опел Агила“ со скопски регистерски таблици управувано од Е.Ѓ.(31) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил Д.П. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош, а со телесни повреди се здобила Е.Ѓ..

Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус