четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 39
home Хроника

Двајца повредени во сообраќајка утрово во Аеродром

Двајца повредени во сообраќајка утрово во Аеродром

Рано утрово околу 04,00 часот во Скопје на крстосницата со булевар .„Србија“, булевар .„Јане Сандански“ и булевар .„В.С.-Бато“, се случила сообраќајна незгода во која М.И. (34) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и излетала од коловозот.

М.И. и сопатникот Т.А. (42) од Скопје биле пренесени во Ургентен центар-Скопје, каде на М.И. и се констатирани тешки телесни повреди, додека кај Т.А. се констатирани телесни повреди.

Коронавирус