четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 1
home Хроника

Двајца повредени во пет сообраќајки во Скопје

Двајца повредени во пет сообраќајки во Скопје

Две лица биле полесно повредени во една од вкупно пет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Пет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување и 12 возачи кои не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.

Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач почетник, како и две технички неисправни возила и 10 нерегистрирани возила. Затекнати биле 132 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 75 возила.

Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ „Мирче Ацев“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Ѓорче Петров.

Одделението за превенција ќе одржи и посебна воспитна мерка сообраќајна поука на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи.

Коронавирус