петок, 21. септември 2018. Вести денес: 111
home Хроника

Двајца потешко и шест полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Двајца потешко и шест полесно повредени во сообраќајки во Скопје
илустарција

Две лица се потешко повредени, а шест се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 12 сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција во изминатите 24 часа санкционирала 61 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 18 возачи.

Според полицискиот извештај, од сообраќај биле исклучени пет возачи кои возеле под дејство на алкохол, девет кои управувале возило пред да се стекнат со правото на возачка дозвола, четворица возачи почетници и 13 нерегистрирани возила.

Непрописно биле паркирани 45 возила, а пајак службата подигнала 54 моторни возила.

Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачкиот премин и двајца поминале крстосница на црвено светло. Санкционирани се и двајца возачи за неправилно престројување, четворица возачи кои не дале првенство на минување на возила и 17 возачи на мопеди и велосипеди за некористење заштитен шлем.

Одделението за превенција во рамки на сообраќајно-воспитната проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „Весели Цветови“ објект „Ѓурѓица“ во општина Кисела Вода.

МИА