сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 34
home Хроника

Двајца мотоциклисти повредени во две одделни сообраќајки во Скопје

Двајца мотоциклисти повредени во две одделни сообраќајки во Скопје
илустрација

Двајца мотоциклисти вчера се повредени во две одделни сообраќајки што се случиле во Скопје.

Како што информира МВР, во првата сообраќајка што се случила вчера во 12:00 часот на улицата „Скупи“ учествувале патничко возило „ауди А3“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(39) од Скопје и мотоцикл „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(41) од Скопје. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Втората сообраќајка што се случила околу 17:20 часот на улицата „Цветан Димов“ била помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Е.С.(42) од Куманово и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Б.М.(23) од Скопје. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местата каде се случиле сообраќајките извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус