недела, 9. мај 2021. Вести денес: 123
home Хроника

Двајца „мангупи“ на автопат тепале камионџија од Србија

Двајца „мангупи“ на автопат тепале камионџија од Србија

Вчера некаде околу 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, пред наплатна рампа „Глумово“, две лица кои биле со патничко возило „мерцедес“, физички го нападнале М.С.(50) од Р Србија, кој управувал товарно возило „ман“, со српски национални ознаки, а потоа со метален предмет го оштетиле стаклото на неговото возило.

За настанот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус