четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Хроника

Двајца малолетници од Дреновец и Порој приведени за вчерашниот напад со нож врз 16-годишник

Двајца малолетници од Дреновец и Порој приведени за вчерашниот напад со нож врз 16-годишник

– Тетовската полиција информира дека денеска се лишени од слобода двајца малолетници поради сомнение дека биле вклучени во вчерашниот инцидент кој резултираше со бодење со нож и ранување на 16 – годишник. Инцидентот се случи околу 21 часот вчера на улицата „Јане Сандански“ во Тетово.

-Полициски службеници на СВР Тетово во присуство на нивни родители лишиле од слобода двајца малолетници од тетовски Дреновец и село Порој поради сомнение дека непосредно биле инволвирани во вчерашната физичка пресметка на улица „Јане Сандански“ во градот, во која со остар предмет бил повреден друг малолетник, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

По ранувањето малолетникот беше однесен во тетовската болница од каде поради сериозноста на повредите беше пратен на скопските клиники.

Коронавирус