недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца малолетници и возач повредени во сообраќајка во Валандово

Двајца малолетници и возач повредени во сообраќајка во Валандово

На 09.07.2021 во 17,10 часот било пријавено дека во Валандово на крстосницата на ул.“Маршал Тито“ со ул.“Лазар Колишевски“ се случила сообраќајна незгода помеѓуавтомобил “сеат алтеа“ со валандовски регистарски ознаки управувано од М.К.(57) од Валандово и моторцикл “хамачи 125“ без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Пирава.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, а со телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од моторциклот и возачот од возилото констатирани во ЈЗУ-Гевгелија и Здравствен дом-Валандово, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Валандово.

Локални избори 2021