недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 75
home Хроника

Двајца фасадери повредени по пад од скеле

Двајца фасадери повредени по пад од скеле

Две лица биле згрижени во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ со повреди кои ги задобиле при пад од објект на кој работеле.

Според СВР Тетово, вчера во 11 часот, било пријавено дека додека работеле на фасада на станбена зграда во гостиварска Долна Бањица, Х.Џ.(53) од тетовско Гајре и Ф.З.(37) од Тетово, паднале од метално скеле. Повозрасниот Х.Џ. се здобил со тешки, а Ф.З. со телесни повреди.

Двајцата повредени работници пренесени се во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. По пријавата на местото на настанот, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Коронавирус