понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Дваесетгодишен жител на Арачиново во притвор поради неовластена продажба на марихуана

Дваесетгодишен жител на Арачиново во притвор поради неовластена продажба на марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 20 години, поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во својот дом во Арачиново, неовластено заради продажба држел марихуана со нето маса од 1007,8 грама, скриена во плакар во подрумската просторија.

Дрогата била пронајдена и одземена при претрес во домот на 23-ти февруари.

Поради опасност осомничениот да се крие или да се даде во бегство, но и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави Предлог за определување мерка притвор.​

Коронавирус