четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 120
home Хроника

Два пожари во исто време избувнале во Скопје

Два пожари во исто време избувнале во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во МВР се пријавени два пожари во исто време- во барака и во викенд-куќичка во Скопје.

Првиот пожар во Скопје е пријавен во 21.40 часот во СВР Скопје, а избувнал во барака во која била сместена Месната заедница „Дексион“ на ул.„Андреа Зограф“.

Во СВР Скопје вчера вториот пожар бил пријавен во истиот термин, односно во 21.40 часот, од Бригадата за противпожарна заштита, а избувнал во викенд-куќичка на ловно друштво на ридот во атар над скопското село Страчинци.

Во ниту еден од двата пожари нема повредени лица. Пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита, а извршен е и увид.

Коронавирус