четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 109
home Хроника

Два пожари вечерва беснеат во Скопје, во едниот гори фабрика за пластика во Ѓорче Петров

Два пожари вечерва беснеат во Скопје, во едниот гори фабрика за пластика во Ѓорче Петров

Два големи пожари вечерва горат во Скопје, едниот е во близина на селото Ајватовци, додека другиот е во Ѓорче Петров.

Во селото Ајватовци гори сува трева и лозја, а благодарение на ветерот пожарот се шири со голема брзина.

Во моментов се презема се за да не се прошири пожарот околу индустриската зона Бунарџик и селото.

Во исто време гори и фабрика за пластични маси и дрвен мебел во Ѓорче Петров каде пожарот е ставен под контрола.

Коронавирус