четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 115
home Хроника

Два „голфа“ опожарени во Скопје

Два „голфа“ опожарени во Скопје
илустрација

Две возила од марката „голф“ на две различни локации во Скопје биле опожарени во текот на ноќта.

Како што соопшти МВР, утрово во 04.20 часот на ул. „Боро Менков“ во Скопје, од засега непознати причини, настанал пожар во патничко возило „Голф 5“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.А. (26) од Скопје. Во пожарот бил опожарен само предниот дел каде што е сместен моторот. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита.

Околу 30 минути по полноќ во с.Побожје, скопско, пак, било пронајдено опожарено патничко возило „Голф 1“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.М. од с.Кучевиште, скопско, кое претходно било одземено.

Според МВР, од 05.01.2018 година возилото се барало по телеграма од Полициската станица Чаир.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за утврдување на причините за настанување на пожарот во двата случаја.

Коронавирус