На 05.11.2020 околу 07:30 часот на ул.„Беличица“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат чинквеченто“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(31) од Гостивар, патничко возило „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Ш. од Гостивар и паркирано товарно возило „ивеко“, со скопски регистарски ознаки.
Во незгодата, возачот Е.Р. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Ферид Мурат“ во Гостивар.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.