понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 152
home Хроника

Државјанин на Косово тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Државјанин на Косово тешко повреден во сообраќајка во Скопје

На 28.10.2020 во 08.35 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Јадранска магистрала“ и сервисната улица „Качанички пат“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(22) од Скопје, и патничко возило „форд“, со косовски национални ознаки, управувано од Б.Ч.(54) од Р.Косово, информира МВР.

Од МВР посочуваат дека во незгодата, Б.Ч. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус