среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Државјанин на Албанија уапсен во Македонија: Поседувал оружје и извршил повеќе кражби

Државјанин на Албанија уапсен во Македонија: Поседувал оружје и извршил повеќе кражби

На 19.11.2018 година во периодот од 14:00 до 16:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во работилница на улица „18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на М.Г.(68).

Притоа, во работилницата бил затекнат Р.К.(30)  од Република Албанија, кој бил лишен од слобода поради постоење основи на сомение за  извршени повеќе кривични дела кражба и поседување огнено оружје, како и други кривични дела.

При претресот биле пронајдени една автоматска пушка без рамка, една рамка за автоматска пушка со 24 куршуми калибар  7.62 мм, една рамка за пиштол со четири куршуми, еден пиштол без рамка, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“ и тоа: девет мобилни телефони, две дигитални камери, осум рачни часовници, бижутерија и други предмети.

Сите пронајдени предмети биле одземени и дадени на вештачење.

Р.К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Исто така, поради сомнение дека заедно со Р.К. ги извршувал кражбите, во Полициската станица Гостивар бил приведен И.А.(26) од Гостивар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус