вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Дрска кражба во Бутел: Среде бел ден на жена ѝ скинал ланче од врат, па го продал во Чаршија

Дрска кражба во Бутел: Среде бел ден на жена ѝ скинал ланче од врат, па го продал во Чаршија

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј. (22) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело -“тешка кражба на дрзок начин“.

Имено, на 7-ми овој месец околу 15.00 часот пријавениот на автобуската постојка на ЈСП на улицата “Александар Урдаревски“, во населбата Бутел, ја забележал оштетената која чекала автобуски превоз.

Во еден момент од зад грб и се приближил и со употреба на физичка сила насилно и го скинал златното ланче кое го носела околу вратот, по што со трчање се дал во бегство во правец кон улицата “Хо Ши Мин“.

По извршеното кривично дело пријавениот украденото златно ланче, за сума од 120 евра, го продал во златара лоцирана во Стара Скопска Чаршија.

Коронавирус