четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 33
home Хроника

Дрска измама: На скопјанец му земале пари за дрва, па му избегале

Дрска измама: На скопјанец му земале пари за дрва, па му избегале

На 07.09.2020 во 12.05 часот, М.А.(63) од Скопје, со привремен престој во с.Бунарџик пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 8000 денари.

Според пријавеното, околу 10.00 часот лицето дошло до неговиот двор и му понудило дрва за продажба, а откако се договориле тргнале на фудбалското игралиште во с.Бунарџик каде бил камионот со дрва. Според пријавата, кога пристигнале на местото лицето му ги побарало парите, по што веднаш побегнало во непознат правец.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус