четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Драма во Тетово: „Ме киднапираа тетка ми и братучедот за да ме принудат да се омажам“

Драма во Тетово: „Ме киднапираа тетка ми и братучедот за да ме принудат да се омажам“

На 24.12.2019 во 18:00 часот во Полициската станица Тетово, 19-годишна девојка од тетовско село пријавила дека во периодот од 25.08.2019 до пријавувањето од страна на нејзината тетка и нејзин братучед била противправно држена и физички малтретирана на две локации во Тетово.

Според пријавеното, тие сакале да ја омажат против нејзина воља иако таа веќе имала момче.

По консултација со јавен обвинител, девојката преку Центарот за социјални работи- Тетово е соодветно згрижена и се преземаат мерки за расчистување на случајот.