четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 84
home Хроника

Драма во средното фискултурно во Скопје: Родител физички нападнал професор бидејќи го избркал неговото дете од час

Драма во средното фискултурно во Скопје: Родител физички нападнал професор бидејќи го избркал неговото дете од час

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден во 13:00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје М.Н.(40) пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот во средното училиште „Методија Митевски-Брицо“ повеќе пати предупредил ученик дека го нарушувал часот со неговото однесување и од страна на М.Н. бил отстранет од час.

По завршување на часот М.Н. му укажал во иднина да не влегува на час ако планира да ја нарушува наставата, а ученикот почнал вербално да се заканува по што од страна на обезбедувањето ученикот бил отстранет од училиштето, се вели во полицискиот билтен.

Во 12:10 часот во училишниот двор пријавителот го забележал родителот на ученикот кој го повикал да зборуваат и откако му било укажано на истиот дека неговиот син бил проблематичен физички го нападнал М.Н..

Од полицијата информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус