сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 81
home Хроника

Драма во скопска такси компанија: Диспечерката го казнила возачот, па настанала вистинска мешаница која завршила со тепачка

Драма во скопска такси компанија: Диспечерката го казнила возачот, па настанала вистинска мешаница која завршила со тепачка

Вчера во 23,35 часот телефонски во СВР Скопје било пријавено дека во централата на такси компанија на улица „Димитар Туриманџовски“ бил нарушен јавниот ред и мир.

Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот при што било утврдено дека во централата на такси компанијата дошле С.Р.(53), вработен како такси возач и неговата сопруга М.Р.(47) кои почнале да викаат и да ја навредуваат вработената-диспечерка Р.Л.(23).

По кратко време, истата го повикала нејзиниот сопруг Б.К.(35) кој дошол во централата со негов пријател, при што дошло до меѓусебна пресметка помеѓу лицата.

Причина за нарушувањето била тоа што С.Р. во текот на денот додека работел како такси-возач бил казнет-исклучен од страна на диспечерката Р.Л..

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус